Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз

Илустрација

Град Скопје соопшти дека мерката за бесплатен автобуски превоз се укинува и од утре престанува да важи. Според соопштението, одлуката е донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена по ред беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.