Руската полиција приведе на сослушување тројца поранешни регионални координатори на предизборниот тим на Алексеј Навални, во ситуација на континуиран притисок врз соработниците на затворениот опозициски лидер.
Приведени се Захар Сарапулов, кој го предводеше штабот на мрежата на регионални предизборни групи на Навални во Иркутск, Ксенија Фадејева - локална пратеничка во Томск која ја предводеше канцеларијата на Навални во градот и Андреј Городецки кој го предводеше опозициското движење во Саратов.
Сите тројца, наводно, се соочуваат со можни обвиненија за користење на нивните службени позиции во врска со организирање или учество во екстремистичка група.
Антикорупциската фондација на Навални и неговото политичко движење во јуни беа прогласени за екстремистички организации од страна на руските власти кога и беа распуштени.
Навални е во затвор од февруари, откако беше уапсен еден месец пред враќањето во Русија од Германија, каде што беше на третман по речиси смртоносното труење со нервниот агенс Новичок, за кој вели дека билонаредено од рускиот претседател Владимир Путин.
Неколку од лидерите на опозицијата и соработници на критичарот на Кремљ беа обвинети за, како што велат активисите за заштита на човековите права, обвиненија кои се политички мотивирани. Многумина од нив ја напуштија Русија.