Европските сили ја истакнаа „итноста“ на разговорите за нуклеарниот договор со Иран

Разговори во Виена за нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

Дипломатите од трите европски земји кои се директно вклучени во преговорите за повторни заживување на неуспешниот нуклеарен договор со Иран, ја истакнаа „итноста“ на разговорите.

Осмата рунда преговори со цел заживување на договорот, кој заглави по повлекувањето на САД во 2018 година и повторното воведување строги санкции кон Техеран, беше започната во Виена на 27 декември.

Договорот од 2015 година ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Иран, кој тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели, реагираше на повлекувањето на САД со постепено засилување на своите активности и збогатување ураниум далеку над праговите предвидени во првичниот договор.

„Овие преговори се итни... Јасни сме дека се приближуваме до точката каде што ескалацијата на иранската нуклеарна програма целосно ќе го поништи JCPOA“, се вели во изјавата на преговарачите од Велика Британија, Франција и Германија, наведувајќи официјалното име на договорот по неговиот акроним.

„Тоа значи дека имаме недели, а не месеци, да склучиме договор пред да се изгубат основните придобивки од договорот. Кина и Русија, исто така, директно учествуваат во напорите за рестартирање на договорот.