Советот на Европа го осуди распуштањето на руската невладина организација Меморијал

Врховниот суд на Русија нареди распуштање на невладината организација Меморијал

„Распуштањето на руската невладина организација Меморијал, столб на борбата против репресијата во модерна Русија, е „погубна вест за граѓанското општество“, изјави генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, наведувајќи: „Русија се чини дека сѐ повеќе и повеќе се оддалечува од нашите заеднички европски стандарди и вредности. Ова е црн ден за граѓанското општество во Русија“. Според неа, постоењето и развојот на граѓанските организации се суштински столб на секоја европска демократија.

Во Русија се истражува дали Меморијал е „странски агент“

„Руските власти ги игнорираа нашите постојани повици за преиспитување на законот за „странски агенти“, кој се однесува на организации, независни медиуми или невладини организации како Меморијал, за кои веруваат дека работат против руските интереси“, изјави таа. Врховниот суд на Русија вчера нареди распуштање на невладината организација Меморијал. На 11 ноември руското обвинителство побара од Врховниот суд да го распушти Меморијал, со обвинувања дека организацијата „систематски го прекршила“ Законот за странски агенти.

Врховниот суд нареди затворање на руска организација за човекови права


Невладината организација Меморијал е основана во 1989 година, а во 2016 година руските власти ја вброија на листата на „странски агенти“. Оваа одредница, која потсетува на сличната „непријател на народот“ од советската ера, генерално се однесува на организации или поединци кои се „финансирани од странство“ и спроведуваат „политички активности“. Според оваа одредница, организациите, медиумите и поединците се обврзани да го пријават ваквиот статус на сите нивни публикации, вклучително и оние преку социјалните мрежи, и да ги следат строгите административни прописи.