Во Грција регистриран нов рекорден број на заразени со ковид-19

Грција бележи рекорден број инфицирани со коронавирус

Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со коронавирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето во Атина и Солун. За исто тоа време починале 60 лица. Од почетокот на епидемијата досега починале 20.557 лица.

Нови мерки во Грција: препорака туристите да се тестираат двапати

Министерството за здравство во понеделникот соопшти дека рестораните и баровите во Грција од 3 јануари на полноќ ќе бидат затворени, а на масата ќе може да има најмногу шест лица. Во таа земја, угостителите, келнерите и другиот персонал ќе мора да носат ФФП2 маска или две потенки маски една врз друга. Оваа мерка важи и за граѓаните кои одат во супермаркети и за оние кои користат јавен превоз. Вработените во фирмите и државната администрација 50 насто од работата ќе треба да ја преселат дома. Тие мерки ќе важат до 16 јануари.