Пендаровски ќе му додели на Ковачевски мандат за состав на новата влада

лидерот на Социјалдемократската партија Димитар Ковачевски

Претседателот Стево Пендаровски во 13 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе му го врачи мандатот за состав на новата влада на Северна Македонија на лидерот на Социјалдемократската партија Димитар Ковачевски. Одлуката за именување на новиот лидер на СДСМ за мандатар е донесена на завчерашната седница на Централниот комитет на најголемата владејачката партија.

Што ќе донесат промените во СДСМ?

Ковачевски на чело на владата ќе го замени Зоран Заев, кој поднесе оставка од премиерската функција и како лидер на СДСМ поради поразот на октомвриските локални избори од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Според Уставот, Ковачевски има рок од 20 дена да поднесе програма за работа и состав на новата влада до Собранието кога ќе го добие мандатот.

Џафери: За новата Влада ќе се гласа на 15 или 16 јануари

Очекувањата на претседателот на Собранието Талат Џафери се дека предлогот за новата Влада да ја добие на 10 или 11 јануари, а таа да биде изгласана до полноќ на 16 јануари. Владејачкото мнозинство, околу СДСМ и ДУИ, има 64 пратеници од 120-те пратенички места. Заев ја формираше втората влада по ред од таа коалиција на 30 август 2020 година, по вонредните парламентарни избори што се одржаа во јули.