Талибанците наводно отвориле оган на протест на група жени во Кабул

Талибанците на патрола. Илустрација,

Талибанските милитанти, наводно, отвориле оган врз група жени кои протестирале на улиците на Кабул против дискриминаторската политика на владата два дена откако властите најавија нови ограничувања за патување на жените.

Една од демонстрантите, Тамна Сидики, за РСЕ изјави дека талибанските војници употребиле насилство за да ја растераат толпата, вклучително и истрели од огнено оружје кои раниле голем број жени додека тие извикувале „Работа, леб и слобода“.

Авганистанската новинска агенција Асвака објави дека инцидентот се случил во близина на болницата на италијанската хуманитарна организација Итна помош. Агенцијата не објави информации за жртви или повредени. Талибанските власти не одговорија веднаш на барањата на РСЕ за коментар.

Протестите доаѓаат во време на зголемен гнев и во земјата и на меѓународно ниво поради потезите на талибанците за ограничување на правата на жените. На 26 декември, официјалните лица соопштија дека на жените кои сакаат да патуваат повеќе од 72 километри не треба да им се нуди превоз освен ако не се придружувани од близок машки роднина.