Започнаа преговорите за иранската нуклеарна програма

Претставникот на Европската унија Енрике Мора

Осмата рунда разговори насочени кон оживување на историскиот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили беа рестартирани во Виена, при што Техеран наведе дека преговорите треба да се фокусираат врз укинување на санкциите за исламската република и „гаранции“ дека Вашингтон ќе се врати на договорот. Претходната седма рунда, прва под новиот тврдокорен ирански претседател Ебрахим Раиси, заврши на 17 декември, откако Техеран додаде некои нови барања во работниот текст.

Саливан предупредува на бавно темпо на преговорите со Иран

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан пред продолжувањето рече дека на дневен ред треба да биде „прашањето за гаранции и верификација“ за укинувањето на американските санкции доколку Вашингтон се врати на договорот. „Најважното прашање за нас е да дојдеме до точка каде што, прво, иранската нафта може да се продава лесно и без пречки“, ја цитираа иранските медиуми изјавата на Амир-Абдолахиан. Претставникот на Европската унија Енрике Мора кој е координатор на разговорите изјави дека објектот каде што се одржува новата рунда, се мисли на луксозниот хотел во Виена, нема да биде достапен три дена за Нова година, но оти рундата ќе продолжи идниот понеделник.