Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека проектот Јадар нема да биде повлечен, иако тоа го побараа „некои опозициски политичари“. Вучиќ додаде дека политичарите кои сега биле против овој проект, всушност и го донеле во Србија. „Тој проект стои во место и нема да мрдне никаде. Тие го донесоа, а ние направивме сѐ што побара народот и тоа е тоа“, рече тој.
Претседателот на опозициската партија Заедно за Србија, Небојша Зеленовиќ изјави дека на властите им е даден рок до 7 јануари да го „избришат“ проектот Јадар бидејќи компанијата Рио Тинто врши притисок врз луѓето да го продадат својот имот.
Запира проектот на рудникот на Рио Тинто во Србија
Британско-австралискиот рударски гигант Рио Тинто сака да подигне рудник за литиум во Србија во областа Јадар, кај Лозница, во западна Србија, вреден 2,4 милијарди долари. Сепак, Рио Сава Експлорејшн планира да го запре проектот Јадар, изјави на 23 декември Весна Продановиќ, генерален директор на таа компанија, која е подружница на Рио Тинто. Таа за агенцијата Бета изјави дека тоа ќе се направи со цел да се покрене јавен дијалог со цел жителите да се запознаат со сите аспекти на проектот.
Протести во Белград против рудникот за литиум на Рио Тинто
„Проектот Јадар е планиран во законски рамки, но нема да се преземат чекори кои дополнително може да ги загрижат жителите“, рече Продановиќ. Проектот што го најави Рио Тинто опфаќа изградба на рудник и експлоатација на минерали, но граѓаните од тој дел на Србија и еколошките активисти се спротивставија на неговата реализација, стравувајќи од лошо влијание врз животната средина.