Ковачевски - Новата влада најдоцна до 18 јануари

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на Централниот одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада. Ковачевски најави дека првата задача на новото раководство на партијата е да состави нова влада најдоцна до 18 јануари. Тој најави дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето, како и финансиската поддршка и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија.

Ќе ја реформираме и реорганизираме партијата, најави Ковачевски и рече дека ќе се формира советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи поранешниот пратеник Игор Ивановски.

„Понатаму започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општетсвеното работење. Одлики на новото раководство ќе бидат одговорност, ефикасност и чесно работење, со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони“, вели Ковачевски.

Бисера Костадиновска - Стојчевска, Перо Костадинов, Фатмир Битиќи, Стефан Богоев се новата потпретседателската четворка во СДСМ.

Тие доаѓаат на местото на министрите Мила Царовска, Венко Филипче и Оливер Спасовски кои си поднесоа оставки од своите позиции во партијата. Оставка денеска си поднесе и генералниот секретар и вицепремиер Љупчо Николовски, а на негово место застана Миле Зечевиќ. Меѓу другите избрани секретари вечерва се Бојан Маричиќ - секретар за за меѓународна соработка, а новиот организациски секретар е Вангел Андрески.

Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар Андреј Петров, професорот Мишко Ралев се дел од новите имиња на Извршниот Одбор на СДСМ.

Констатирана оставката на Заев, течат роковите за нова Влада

Освен тие од актуелните членови остануваат Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити, Ана Данева - Маркова, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска - Серафимовска, Тања Томиќ.

Од Извршниот одбор на СДСМ заминуваат Андријана Будимир- Филиповски, Благоја Бочварски, Софија Пејкова, Мухамед Зеќири, Јована Тренческа и Васко Ковачевски.

Пендаровски- ми треба уште еден допис за тоа на кого да му дадам мандат