Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко предложи измени на Уставот со кои си обезбедува правен имунитет од какво било потенцијално гонење и редистрибуција на моќта на националното Собрание. 67 годишниот Лукашенко денеска изјави дека уставните промени ќе бидат изгласани на референдум во февруари 2022 година.
До ваквиот предлог на Лукашенко доаѓа по домашните и меѓународните реакции поради насилното задушување на протестите на опозицијата по спорните претседателски избори во август 2020 година за кои тој тврди дека победил. Неговите политички противници бараат нови претседателски избори.
Со уставните амандманите се забранува на секој кој привремено ја напуштил земјата во последните 20 години да може да се кандидира за претседател, промена која се чини дека е директно насочена кон членовите на опозицијата, од кои многумина беа принудени да избегаат за да избегнат политички прогон.
Со уставните измени се зајакнува улогата на Собранието кое ќе може да ја одобри надворешната и економската политика на земјата и ќе има моќ да го отповика претседателот, кој може да има не повеќе од два петгодишни мандати.
Противниците на Лукашенка го нарекоа обидот да се преработи уставот лажна вежба за да му се помогне да се држи до власта.
„Нацрт-уставот на режимот не им дава на Белорусите вистински избор. Ќе му дозволи на диктаторот да ја обезбеди власта, ќе ја контролира ситуацијата преку вештачкото Народно собрание и ќе избегне гонење. Новите претседателски избори се единственото решение за кризата“, напиша лидерката на опозицијата Свјетлана Циханускаја на Твитер.
Лукашенко со новите измени би можел повторно да се кандидира бидејќи ограничувањето од два мандата ќе се применува по нивното донесување.
Лукашенко кој пред да седне на претседателското столче беше директор на државната фарма, ја води Белорусија со железна рака откако победи на претседателските избори во 1994 година, само три години по распадот на Советскиот Сојуз.
Вашингтон бара крај на репресијата во Белорусија
Сопругот на опозициската лидерка Свјетлана Циханускаја, Сјаргеј е осуден на 18 години затвор под обвинение за организирање немири. Тој е само еден од повеќе од 900 политички затвореници во земјата. Циханускаја, неговата сопруга за која многумина тврдат дека победила на изборите во 2020 година, замина во соседна Литванија со своите деца за да избегне слична судбина.
Сопругот на лидерката на белоруската опозиција Цихановскаја осуден на 18 години казна затвор
Десетици илјади Белоруси излегоа на улиците со месеци по претседателските избори во 2020 година за мирно да протестираат против тврдењето на Лукашенко дека е победник на изборите. Тоа беа најголемите антивладини демонстрации во Белорусија од раните 1990-ти. Истите беа брутално задушени од белоруските власти при што илјадници луѓе беа приведени.
Европската унија, САД и неколку земји одбија да го признаат Лукашенко како легитимен лидер на Белорусија и повикаа на нови избори. Против него и неговите соработници САД и ЕУ воведоа неколку рунди на економски санкции.