Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје и ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје се дел од мерките кои најави дека ќе ги спроведе Градот Скопје по известувањето од Министерството за животна средина за дводневното надминување на законскиот пропишан минумум за квалитетот на воздухот.
Отровниот воздух дополнително ќе ја влоши ковид сликата
Од општината апелираат до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз и до градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
„Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар“, се вели во соопштението.
Од Град Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат дадените мерки и да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува.