Нема да има снег за Нова година

Во наредните денови се очекува натпросечно топло за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните два дена времето ќе биде значително облачно со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини.

Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè потопло.
Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени.

„Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.