Кина се бори со разгорување на ковид епидемијата пред Олимписките игри

Во Кина е забележан највисок број на регистрирани случаи на заразени со ковид 19 во последните 21 месец, откако се удвои бројот на заразени во северозападниот град Сијан. Со тоа им се поматија плановите на кинеските власти да ја сузбијат локалната епидемија во очи на Зимските олимписки игри кои треба да започнат во февруари и нивната стратегија „нулта-ковид“.

Кина на 26 декември пријави 162 нови заразени со коронавирус, што е највисока дневна бројка на инфицирани откако Националната здравствена комисија почна да ги класифицира одделно асимптоматските носителити во март 2020 година.

Скори сите случаи се регистрирани во Сијан и покрај тоа што веќе петти ден градот е затворен, а има и драстични ограничувања за патување, за напуштање на домот, па дури и за купување.

Кинеските власти денеска започнаа кампања за дезинфекција во Сијан, како дел од напорите да се контролира ширењето на коронавирусот. Властите прскаат раствор за убивање на вируси. Се дезинфицираат патишта и згради во градот во кој живеат 13 милиони жители. Сијан се наоѓа на 930 километри од Пекинг.

Во градот исто така започна кампања на масовно тестирање. Досегашните случаи не се препишуваат на Омикрон варијантата.