Претставниците на Иран и светските сили кои се обидуваат да го спасат нуклеарниот договор од 2015 година денеска ќе ги продолжат преговорите во Виена. Разговорите, со кои претседаваше претставникот на ЕУ, Енрике Мора, беа прекинати пред речиси една недела по рундата обележана со тензии поради новите барања на Техеран. Во разговорите во кои учествуваа претставници на Британија, Франција, Германија, Кина, Русија и Иран беа суспендирани за да му се овозможи на главниот ирански преговарач да се врати дома на консултации. САД индиректно учествуваа во преговорите, бидејќи се повлекоа од договорот во 2018 година за време на администрацијата на Доналд Трамп.
Саливан предупредува на бавно темпо на преговорите со Иран
Актуелниот американски претседател Џозеф Бајден изрази желба повторно да му се приклучи на договорот. Договорот требаше да ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите. По одлуката на САД да се повлече од договорот и повторно да ги воведе санкциите кон Иран, Техеран ја интензивираше својата нуклеарна програма со збогатување ураниум многу над нивото предвидено со договорот. Иран, исто така, го ограничи пристапот до нуклеарните постројки на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Дипломатите од трите вклучени европски земји изразија фрустрација од новите барања на Техеран откако разговорите беа прекинати минатата недела, но забележаа „извесен технички напредок“.