Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе размисли за различни опции доколку Западот не ги исполни барањата на Москва за безбедносни гаранции, во услови на зголемени тензии кои вклучуваат масовно распоредување на руски војници во близина на Украина. Москва претходно овој месец поднесе нацрт-безбедносни документи со кои, меѓу другото, се бара прекин на проширувањето на НАТО кон исток и воената соработка со земји како Украина и Грузија.
На Путин му се брза да добие одговор од Запад – блеф или?
Говорејќи на неговата годишна прес-конференција во минатата недела, Путин го повика Западот „веднаш“ да ги исполни барањата. Тој предупреди дека Москва ќе мора да преземе соодветни мерки доколку Западот продолжи со својот „агресивен“ курс „на прагот на нашиот дом“. Запрашан да прецизира каков би можел да биде одговорот на Москва, тој во коментарот емитуван на руската државна телевизија на 26 декември рече дека „тоа би можело да биде разновидно“, додавајќи: „Ќе зависи од тоа какви предлози ќе ми поднесат нашите воени експерти“. Притоа тој не даде детали. Американските власти јавно кажаа дека се подготвени да разговараат за руските барања.
Белата куќа: нема договор за нови разговори Бајден-Путин
Но, приватно, официјални лица во Вашингтон рекоа дека некои од барањата се или неостварливи, невозможни или суштински спротивни на западните вредности. Меѓутоа, САД и нивните сојузници се согласија да започнат безбедносни разговори со Москва следниот месец за да разговараат за нејзините грижи. На 25 декември, официјален претставник на НАТО беше цитиран дека генералниот секретар Јенс Столтенберг одлучил да свика состанок на Советот НАТО-Русија на 12 јануари и дека Алијансата е во контакт со Русија по ова прашање.