Временска прогноза - Претежно облачно со локален дожд

UKRAINE -- Icy rain in Kyiv

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаба магла. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда.

Температурите во следните неколку денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините.