Во пожарите летоска изгореле 38 милиони евра шума

Пожар во близина на Пехчево во август годинава

Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума.

Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2,3 милијарди денари, односно скоро 38 милиони евра, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.