МЗ: 85 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Ковид амбуланта во Скопје

Министерството за здравство денеска информира дека од шестт август до вчера на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни на ковид-19, а од нив нив 33 отсто биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.

Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Од Министерството наведуваат дека 85 отсто од хоспитализирани лица се невакцинирани, а 15 отсто се целосно вакцинирани.

„Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од шести август до 23 декември на територија на државата починале 2.362 лица со ковид-19, 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21 процент примиле вакцина“, соопштија од МЗ.


Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.