Од денеска во Грција стапија нови владини мерки во справувањето со ширењето на ковид-19. Меѓу мерките кои стапуваат денеска и ќе траат до 3 јануари се: силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето, задолжителна маска и на отворено и на затворено, задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз, откажување на сите јавни собири за празниците, силна препорака за тестирање пред празничните собири.
Германија, Грција и Австрија со нови ковид-протоколи за државјаните на Македонија
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, соопштувајќи ги одлуките на Владата рече дека мерките се во две фази, првата е од денеска, а втората од 3 јануари 2022 години, но за кои дополнително ќе одржи состанок надлежната комисија на епидемиолози. Во втората фаза, по Нова година, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика. Се додава дека во секој случај, новите мерки нема да упатуваат на евентуално затворање и целосен карантин.