Косово нема да ѝ се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, која има за цел да гарантира слобода на движење, стоки и капитал меѓу шесте земји од Западен Балкан кои не се членки на Европската унија, изјави косовската претседателка Вјоса Османи. Србија, Албанија и Северна Македонија се дел од заедничката иницијатива, но не и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сите делови од регионот на Западен Балкан.
Во вторникот премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ се состанаа во Тирана за да потпишат прекугранични договори. По средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во главниот град Приштина, Османи рече дека нејзината земја ќе размисли за приклучување кон таквите регионални иницијативи само откако Србија ќе ја признае декларацијата за независност на Косово во 2008 година.
Протести во Тирана против Вучиќ и Отворен Балкан
Таа рече дека напорите на Србија за модернизација на нејзината војска се дестабилизирачки за регионот, кој сè уште заздравува од војните во 1990-тите со кои се распадна поранешна Југославија. Османи рече дека зголемената српска милитаризација и „дестабилизирачките тенденции“ кон земјите во регионот покажуваат дека српскиот претседател Александар Вучиќ немал добри намери. Косово е признаено од околу 110 земји, но не и од Русија, Кина и членките на ЕУ, Шпанија, Словачка, Кипар, Романија и Грција. Милановиќ е на Косово за да ја помине Бадник со хрватските војници кои се дел од мировната мисија на НАТО таму. Од шесте земји од Западен Балкан, Србија и Црна Гора водат пристапни преговори со ЕУ, Северна Македонија и Албанија чекаат да бидат поканети да го започнат процесот, а Косово и Босна сѐ уште не се официјални кандидати за членство.