Американскиот претседател Џо Бајден допрва треба да се согласи за време и место за нови разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Таа, исто така, ги отфрли критиките упатени од Путин вчера дека САД и нивните сојузници биле агресор во ескалацијата на руско-украинската граница. „Па фактите се смешна работа и фактите јасно покажуваат дека единствената агресија што ја гледаме на границата на Русија и Украина е военото засилување од страна на Русите и воинствената реторика на лидерот на Русија“, рече Псаки.
Путин бара Западот веднаш да обезбеди безбедносни гаранции на Русија
Путин навестува војна во Украина - руската телевизија ја засилува заканата
Претходно висок функционер на американската администрација изјави дека руски упад во Украина ќе го принуди НАТО да ја зголеми помошта за Киев и да стави повеќе сили поблиску до Москва. „Ако Русија продолжи со она што е во тек, ние и нашите сојузници сме подготвени да наметнеме сериозни мерки кои би ја оштетиле руската економија и би го направиле токму она што таа вели дека не го сака – повеќе капацитети на НАТО поблиску до Русија“, рече официјалниот претставник. Сепак, тој наведе дека Соединетите Држави се подготвени да се вклучат во дипломатија со Русија во врска со безбедносните барања на Москва на почетокот на јануари - вклучително и билатерално и преку НАТО и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).