Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои надеж во однос на претстојните разговори со САД во врска со тензиите за масовно распоредување на руски трупи на границата кон Украина и за руската листа на барања за НАТО и европската безбедност.
Говорејќи на неговата годишна прес-конференција на 23 декември, рускиот претседател од Западот „веднаш“ да ѝ обезбеди безбедносни гаранции на Русија.
Путин беше прашан дали мисли дека е веројатна нова војна меѓу Русија и Украина.
Тој одговори велејќи дека реакцијата што Москва ја добила од Вашингтон за списокот со барања за НАТО и европската безбедност е „позитивна“.
Американските и руските дипломати треба да се сретнат на нови разговори некаде по Нова година, наводно во Женева.
„Се надевам дека ќе биде вака“, рече тој.
Во последните недели, САД, НАТО и Киев алармираат за 100.000 руски војници распоредени во близина на границата со Украина и на полуостровот Крим окупиран од Русија.
Американски официјални лица велат дека Москва планира можна воена офанзива која, доколку се случи, би можела да дојде за неколку недели.
Новото воено засилување е дел од притисокот на Путин кон САД и НАТО да и дадат на Русија сеопфатни „безбедносни гаранции“ кои драстично ќе го променат поредокот во Европа по Студената војна.
Путин, исто така, ги повтори минатите обвинувања против Украина, тврдејќи дека Киев подготвува нова воена офанзива во источните региони каде што војната трае повеќе од 7 години.