Во САД одобрен првиот орален лек против ковид-19

антивирусната пилула Паксловид на производителот на лекови Фајзер е поздравена како ветувачки третман.

Управата за храна и лекови на САД го одобри првиот третман за ковид-19 во домашни услови. Станува збор за антивирусната пилула Паксловид на производителот на лекови Фајзер, која беше поздравена како ветувачки третман. Третманот е одобрен за возрасни пациенти со висок ризик и пациенти на возраст од најмалку 12 години. ФДА, исто така, се очекува наскоро да ја одобри пилулата Молнупиравир произведена од Мерк. Во меѓувреме, производителот на лекови Астра Зенека соопшти дека работи со Универзитетот во Оксфорд на развој на вакцина за омикрон варијанта на коронавирусот. „Заедно со Универзитетот во Оксфорд, презедовме прелиминарни чекори за производство на вакцина со варијанта Омикрон“, се вели во соопштението на компанијата.


ЕМА одобри петта вакцина против ковид-19

Вакцини за деца над 5 години, педијатрите чекаат насоки - родителите збунети

„Вакцините засновани на аденовирус на Оксфорд/АстраЗенка во принцип би можеле да се користат за да одговорат на која било нова варијанта побрзо отколку некои претходни“, изјави за Фајненшл тајмс Сенди Даглас, водач на истражувачката група во Оксфорд. Производителите на вакцини Фајзер, Бионтек и Модерна, исто така, соопштија дека работат на вакцини за ковид-19 специфични за омикрон варијантата. Модерна рече дека се надева дека ќе започне клинички испитувања на почетокот на 2022 година. Веста доаѓа откако земјите ширум светот ја зајакнаа борбата против напливот на случаи на ковид-19, откако варијантата омикрон почна брзо да се шири.