Орбан: Унгарија нема да ја промени имиграциската политика

унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарија нема да ја промени својата имиграциска политика и покрај неодамнешната пресуда на Врховниот суд на Европската унија дека е спротивна на законите на Унијата, изјави премиерот Виктор Орбан, наведувајќи дека Унгарија ќе продолжи да ја следи својата сегашна миграциска политика. „Унгарија мора да продолжи да ги брани своите граници. Решивме да не правиме ништо за да го промениме начинот на кој е заштитена границата. Нема да го промениме тоа и нема да дозволиме никого д влезе“, рече Орбан.

Европски суд за правда со пресуда против Унгарија

Антимигрантската влада на Орбан долго се расправаше со ЕУ за надлежностите на Унијата во внатрешните работи на нејзините членки, особено за имиграциските и ЛГБТ политиките. Европскиот суд на правдата во минатиот месец пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ кога ги протерала мигрантите кои илегално влегле во земјата, не дозволувајќи им да поднесат барање за азил и држејќи ги во „транзитни зони“ долж границата со Србија. Одбивањето на владата во Будимпешта да се усогласи со одлуката на Европскиот суд на правдата може да резултира со обврска на Унгарија да плати високи казни.

За Полска мигрантската криза е најголем обид за дестабилизација на Европа

Во септември, судот почна да изрекува дневни казни од еден милион евра за Полска, клучниот сојузник на Унгарија, откако Варшава ја игнорираше судската одлука за суспендирање на промените во судскиот систем.