Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12 часот ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што веќе е најавено, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамките на 56 собраниска седница
Пендаровски, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година.
Пендаровски - И да се одолговлечи спорот со Бугарија нема да има дестабилизација
Годинава тој на пратениците ќе им се обрати во интензивна политичка клима, во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјата повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата влада во Софија на Кирил Петков дека процесот на решавање на спорот ќе се забрза, но и споменување на рок од шест месеци за да се стори тоа.
Пендаровски: Ова не личи на Заев, се сомневам дека му е сугерирано
Шефот на државата својот годишен говор во Собранието пред најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот во заминување во минатата недела најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на наредната седмица и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски. Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на добивањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.