Пекинг, Вашингтон виа Диво насеље

САД / КИНА - Кина воведе санкции за четворица членови на Комисијата за меѓународни верски слободи на американската влада. Потегот на кинеските власти е одговор на минатонеделните санкции што САД ги воведоа против кинески официјални лица и компании поради наводите за злоупотреби во северозападниот кинески регион Ксинџијанг.

Georgia -- Abkhazia opposition protest 21Dec2021 Vitaly Gabnia

ГРУЗИЈА - Неколку илјади приврзаници на затворениот поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили излегоа на протести по извештајот на независната медицинска комисија дека тој бил мачен додека бил во притвор.

АВГАНИСТАН - Стотици Авганистанци маршираа денеска во Кабул со барање да биде одмрзнат имотот што им го замрзна меѓународната заедница, кога талибанците ја презедоа власта во август. Станува збор за милијарди долари, кои Авганистанците бараат да им бидат одмрзнати оти земјата се соочува со растечка економска криза, која се заканува да се претвори во хуманитарна катастрофа.

РУСИЈА / САД - Претставници на САД и Русија најверојатно ќе одржат билатерални разговори следниот месец на кои ќе стане збор за безбедносните предлози на Москва, откако Кремљ ја засили реториката и повторно предупреди дека е подготвен да преземе воени мерки доколку Западот започне „непријателски“ акции во однос на Украина.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека помилувања во принцип мора да има затоа што секогаш има барања. Според него, теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден. Во текот на гоидната, како што наведе, има 5 до 6 помилувања, а две се задолжителни по повод Нова година и 2 Август. Тој додаде дека помилувањата ги предлагаат Управите на затворите до Министерството за правда, од каде се препраќаат кон постојаната Комисија во Кабинетот на Претседателот, од каде потоа одат кај Претседателот.

КОСОВО - Косовската полиција денеска уапси десет лица во акција во општината Штрпце. Тие се сомничат дека извршиле кривични дела земање поткуп, давање поткуп и злоупотреба на службената положба, јави дописникот на МИА од Приштина. Меѓу уапсените е и поранешниот градоначалник на Штрпце, Братислав Николиќ, објавија официјални извори.

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска изјави дека евентуалното решение за отворените прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија би требало да се најде пред пратениците во Собранието. Со неговиот став се согласија и пратениците од опозицијата и власта кои денеска на седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции расправаа за заклучоците на Советот за општи работи на Европската унија за проширувањето.

МАКЕДОНИЈА / ТУРЦИЈА - Турција моќно го поддржува напредокот на процесот на полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, порача претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп на денешната седница во македонското Собрание. Тој денеска беше во официјална посета на Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Тројца полицајци и петмина цариници се меѓу десетте приведени лица во денешната полициска акција која се спроведувала во Куманово, Скопје и Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Деветмина се сомничат дека извршиле кривично дело криумчарење, а тројца од нив за неовластена трговија со прекурсори, а кај еден бил пронајден и одземен кокаин, соопшти МВР.