Израел бил вмешан во убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи (лево) со командантот на иранските сили Кодс, генерал-мајор Касем Сулејмани, за време на верска церемонија во Техеран, 27 март 2015 година

Израел бил вклучен во атентатот на Касим Сулејмани, командант на Иранската револуционерна гарда, убиен во напад на американско беспилотно летало во близина на Багдад во јануари минатата година, изјави началникот на израелското воено разузнавање, генерал-мајор Тамир Хајман. Во едното интервју тој го опиша атентатот како еден од „значајните и важните“ за време на неговиот мандат, додека вториот било убиството на лидерот на Исламскиот џихад, Баха Абу ал Ата, пишува израелскиот весник „Харец“.

Иран издаде налог за апсење на Трамп

„Убиството на Сулејмани е достигнување, бидејќи нашите главни непријатели се, според мене, Иранците. Во мојот мандат може да се забележат два значајни и важни атентата“, рече Хајман, додавајќи дека Израел извршил неколку операции за да го попречи ширењето на иранското оружје. Сулејмани бил вклучен во иранските воени активности во многу земји, вклучително Ирак, Авганистан и Кавказ, и се сметал за еден од најблиските соработници на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, рече Харец.

Израелскиот премиер во посета на Обединетите Арапски Емирати

Неколку дена по атентатот, NBC News објави дека израелската разузнавачка служба им помогнала на САД да го убијат Сулејмани. Како што е соопштено, информаторите на меѓународниот аеродром во Дамаск ја информирале американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) кога авионот во кој се наоѓал Сулејман полетал за Багдад, а Израел потврдил дека тоа им го кажал на Американците.