Главниот научник на Светската здравствена организација Соумја Сваминатан во Женева изјави дека е премногу рано да се заклучи дека варијантата омикрон е поблага од другите видови на коронавирус, велејќи дека сепак може да разболи доволно луѓе за да ги „преоптовари“ здравствените системи. „Веројатно не е паметно да се мисли дека ова е блага варијанта и нема да предизвика тешка болест, бидејќи мислам дека со зголемувањето на бројките, сите здравствени системи ќе бидат под притисок“, рече Сваминатан.
Фаучи: омикрон сојот на коронавирусот го пустоши светот
Европа воведува нови рестриктивни мерки поради ширењето на Омикрон
Таа додаде дека оваа перцепција се чини дека се заснова врз првичните податоци од делови на Јужна Африка што може да остави погрешен впечаток поради високите нивоа на постоечки имунитет меѓу населението. Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус пак препорача откажување на настаните за време на Божиќните и новогодишните празници поради растот на бројот на случаи со омикрон варијантата на коронавирусот. „Лидерите и поединците треба да носат „тешки одлуки“ за „да се заштитат себеси и другите“. Во некои случаи, тоа ќе значи откажување или одложување на настаните...Подобро е да се откажете сега и да славите подоцна отколку да славите сега и да тагувате подоцна“, изјави тој.