Од Заев до Надал

ЗАПАДЕН БАЛКАН - Македонскиот премиер Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во авторска статија за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, ја повикаа новата германска влада да ја поддржи иницијативата Отворен Балкан.

ТУРЦИЈА - Турската лира падна на ново ниско ниво во однос на американскиот долар, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека останува посветен на политиката на намалување на каматните стапки и покрај инфлацијата.

КОСОВО / ДАНСКА - Косово и Данска разменија писма со намери, според кои Косово во следните десет години треба да издаде 300 затворски ќелии, од кои би имале корист од 210 милиони евра.

БЕЛОРУСИЈА - Белорусија денеска соопшти дека нејзин дипломат е тешко повреден за време на инцидент во амбасадата на земјата во Лондон кога група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата пред физички да нападнат неколку белоруски дипломати.

БУГАРИЈА / ГРЦИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Софија повикал Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ, соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател.

ПОЛСКА / ЕУ - Eвропската Комисија соопшти дека нацрт-законот за сопственост на странски медиуми усвоен во Полска претставува сериозен ризик за слободата на медиумите и плурализмот.

ШВАЈЦАРИЈА - Планираниот собир на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште Давос е одложен поради зголемените случаи на омикрон, новата варијанта на Ковид-19.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за труд и социјална политика информираше дека со 62 гласа ЗА и ниту еден против пратениците во Собранието го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

ШПАНИЈА - Тениската ѕвезда Рафаел Надал соопшти дека е позитивен на коронавирус и дека доживува непријатни моменти додека се справува со инфекцијата.