Нови 127 случаи на ковид, починати 6 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 261 пациент, а починати се 6 лица, од нив 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.