Ентони Фаучи, американски инфектолог и советник за пандемија во Белата куќа, изјави дека омикрон сојот на коронавирусот го пустоши светот, но дека вакцинираните и оние кои примиле засилена доза не треба да се грижат доколку ги следат мерките и носат маски на преполни места. Тој предупреди на ширење на заразата пред божиќните и новогодишните празници, кога патуваат голем број луѓе и во ситуација кога и покрај достапните вакцини, има „толку луѓе кои не се вакцинирани“ и кои „создаваат проблеми“ за американскиот болнички систем.
Европа воведува нови рестриктивни мерки поради ширењето на Омикрон
ЕУ нарача вакцини на Фајзер прилагодени за Омикрон
Фаучи изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден повторно ќе апелира до граѓаните да ја примат дополнителната вакцина и предупреди дека видот омикрон се шири многу брзо. Бајден планира во вторник да разговара за ситуацијата во борбата против ковид-19 и владината помош за заедниците на кои им е потребна, објави на Твитер портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Претседателот на САД ќе предупреди и на ризиците на кои се изложени оние Американци кои „решиле да останат невакцинирани“, изјави таа.