Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повтори поддршката на Алијансата за Украина како „високо ценет партнер“, велејќи дека руското воено трупање на украинската граница „ја поткопува стабилноста во Европа“. Говорејќи на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел, Столтенберг рече дека „нема знаци“ оти руското воено засилување забавува, нарекувајќи го „провокативно“ и „дестабилизирачко“.
Зошто односите меѓу Москва и НАТО се тензични?
Москва негира дека има некакви планови за напад на Украина, но тоа наведе и во 2014 година кога го анектираше Кримскиот Полуостров. Американските разузнавачи велат дека Русија распоредила 70.000 војници и се подготвува за можна инвазија на почетокот на следната година. Кремљ во четвртокот повторно ги поттикна западните лидери да обезбедат правно обврзувачки гаранции што го спречуваат проширувањето на НАТО во Украина и распоредувањето на оружјето на Алијансата таму, нарекувајќи ги таквите потези „црвена линија“ за Москва. Но, Зеленски ги повика членките на НАТО „да не подлегнуваат на заканите или црвените линии што ги повлекуваат трети земји“.
ЕУ до Москва - Ако има акција кон Украина ќе има и санкции
Русија на САД им претставила предлози за безбедносни гаранции
До состанокот на Зеленски со претставници на НАТО доаѓа кога и лидерите на Европската унија, исто така, одржуваат самит фокусиран врз спречување на руска воена инвазија на Украина со закани за невидени санкции за Москва, но и со заложба за дипломатски разговори. Украинскиот претседател претходно ги повика лидерите на ЕУ брзо да воведат нови санкции кон Русија пред таа да ја нападне неговата земја, предупредувајќи дека дејствувањето по каков било конфликт ќе биде многу доцна.