Нови 298 случаи на коронавирус, 10 починати

Илустрација

Во изминатите 24 часа се регистрирани 298 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 10 луѓе починале. Од нив шестмина починале во изминатото деноноќие, а четворица од 9 до 12 декември, но биле пријавени сега, информира Министерството за здравство. Починатите се на возраст од 55 до 85 години. Направени биле 2831 тестирања.

Речиси половина од новите случаи се регистрирани во Скопје, каде има 145 новозаразени, потоа следат Кавадарци со 23, Прилеп 17, Битола 14, Кичево 13, Штип, Охрид и Струмица по 9, Куманово и Ресен по 8, Тетово 6, Гевгелија 5, Велес, Кочани и Радовиш по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово по 3, Делчево и Македонска Каменица по 2, и Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод по еден нов случај.

Регистрирани сe 335 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.