Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека денарот е стабилен. Тој апелираше граѓаните да бидат внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот, затоа што, како што вели тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, рече Бисими, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“, рече Бесими.
Претходно на неколку портали, но и на социјални мрежи се прошири информација дека вредноста на денарот паѓа.
Тој вели дека инфлацијата е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.
Одговарајќи на прашање министерот Бесими рече дека во Буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор.