Сопругот на лидерката на белоруската опозиција Цихановскаја осуден на 18 години казна затвор

Белорусија - судење на опозициски активисти.

Сјаргеј Цихановски, сопруг на лидерката на белоруската опозиција Свajaтлана Цихановскаја, денеска е осуден на 18 казна затвор. Белорускиот суд го осуди за организирање на масовни немири и поттикнување омраза во општеството.

Судот во Белорусија денеска донесе одлука по шест месеци од почетокот на судењето. Пресудата е донесена зад затворена врата. Освен Цихановски денеска се осудени уште петмина опозициски активисти на затворски казни од 14 до 16 години затвор.

Цихановски има 43 години е познат видео блогер и активист. Тој планираше да му се спротивстави на авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко на претседателските избори во август лани, но пред тоа беше уапсен.

Цихановски беше познат по слоганот против Лукашенко – „Запрете ги бубашвабите“.

Тој беше уапсен во мај 2020, два дена откако ја објави кандидатурата за изборите. Неговата сопруга Свajaтлана Цихановскаја се кандидираше наместо него на претседателските избори. По објавувањето на резултатите според кои Лукашенко го освои шестиот мандат, во Белорусија избија масовни протести на опозицијата, која сметаше дека изборите се наместени. И Западните земји не ги признаат резултатите од изборите.

Свajaтлана Цихановскаја потоа избега од земјата во соседна Литванија. Тоа го сторија и многу други опозициски активисти, додека пак други беа уапсени.

Таа денеска коментирајќи ја пресудата за својот сопруг, за Асошиејтед прес рече дека „диктаторот јавно им возвраќа на своите најсилни противници, кои се потиснати поради желбата да живеат во слободна Белорусија“.

„Нема да застанеме и ќе продолжиме да се бориме со диктатурата во срцето на Европа“, рече таа.

Соединетите Американски Држави и Европската унија ги осудија казните.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека политички мотивираните пресуди се дополнителен доказ дека режимот во Белорусија не ги почитува за меѓународни обврски, човековите права и основните слободи на Белорусите“.

Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, исто така, ги осуди како што рече острите и неосновани затворски казни.

„Овие казни се дел од тековната брутална и систематска репресија на сите независни гласови во Белорусија. ЕУ силно ги осудува овие континуирани, флагрантни кршења на човековите права и основните слободи од режимот во Минск“, рече Стано.

Меѓу денеска осудените е и блогерот Ихар Лосик, кој исто така е консултант на РСЕ. Тој доби казна од 15 години. Тој е осуден што го користен неговиот популарен канал на Телеграм за подготовка за нарушување на јавниот ред.

За пресудата на Лосик и за пресудите против останатите новинари денеска реагираше и претседателот на РСЕ, Џејми Флај. Тој го повика режимот на Лукашенко да ги запре нападите врз новинарските агенции, новинарите и блогерите и да му дозволи на Лосик да се врати кај своето семејство.