МАЛМЕД – Пандемијата ја зголеми употребата на антибиотици

Илустрација

Од почетокот на пандемијата со ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотици, соопштија од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Од таму велат дека будно ја следат употребата на антибактериските лекови.

Од Агенцијата ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици и апелираат антибиотици да се издаваат само на рецепт.

Од МАЛМЕД посочуваат граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.