Јајца и политика
МАКЕДОНИЈА - Одлука да се замрзнат цените и на оризот, тестенините и јајцата, донесе Владата. Одлуката за замрзнување на цените ќе важи до 31 јануари 2022 година, информира министерот за економија Крешник Бектеши.
МАКЕДОНИЈА - Предвреме родено бебе со само 665 грама, по поминати повеќе од два месеци во болница, денеска е пуштено од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК), соопштија од Министерството за здравство. Женското бебе е родено во 29 гестациска недела. Тоа по 67 дена поминати на неонатолошките интензивни одделенија во ГАК денеска тежи 2.190 грама и е испишано од болница.
МАКЕДОНИЈА - АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.
МАКЕДОНИЈА - На денешната средба меѓу раководството на ЛДП, партија дел од власта и раководството на СДСМ, предводено од новоизбраниот лидер Димитар Ковачевски биле договорени програмските политики важни за либералдемократите во делот на економијата, екологијата и изборните реформи, соопштуваат од ЛДП.
ТУРЦИЈА / ЕРМЕНИЈА - Турција и Ерменија, кои се соседни земји, најавија дека ќе назначат специјални пратеници за да ги поправат меѓусебните односи затегнати со децении.
БУГАРИЈА - Новиот бугарски премиер Кирил Петков денеска пред Собранието изјави дека првата наредба ќе му биде да се воведе зелен сертификат за влез во зградата на Министерскиот совет.
САД - Над 100 вонсудски убиства имало во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во август годинава, објавија денеска Обединетите нации, велејќи дека добиле веродостојни наводи за тоа. Според информациите на ОН, зад повеќето убиства стојат милитантите.
СРБИЈА / ЕУ - Србија денеска го отвори кластерот број 4 на меѓувладината конференција со ЕУ. Кластерот број 4 се однесува на Зелената агенда и одржливото поврзување и се состои од четири преговарачки поглавја (транспортна политика, Енергетика, Транс-европска мрежа и Животна средина и климатски промени).
SAD - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Кина да ги прекине своите, како што рече, агресивни дејствија во индо-пацифичкиот регион.