АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.
Една третина од цената на струјата што ја плаќаат граѓаните зависи од производствената цена што ја нуди ЕСМ.