Новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и премиерот и досегашен лидер на СДСМ Зоран Заев денеска ќе се сретнат со претставници на коалициските партнери што се дел од парламентарното мнозинство.
Од СДСМ велат дека станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалициските партнери, како и идната соработка во коалицијата.
Се очекува до крајот на неделава да се изврши и официјално примопредавање на лидерската функција во СДСМ откако Ковачевски завчера на внатрепартиски избори беше избран за нов претседател на местото на Заев.
Заев оставката од лидерската, но и од премиерската функција ја најави по неуспехот на локалните избори во октомври.