Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Кина да ги прекине своите „агресивни дејствија“ во индо-пацифичкиот регион. „Решени сме да гарантираме слобода на пловидба во Јужното Кинеско Море, каде што агресивните дејствија на Пекинг ја загрозуваат трговијата вредна повеќе од 3.000 милијарди долари годишно“, рече Блинкен во говорот на Универзитетот во Индонезија, каде што е на турнеја во Југоисточна Азија. Блинкен ја потврди посветеноста на Вашингтон за „мир и стабилност во Тајванското Море“, каде што има тензиите меѓу двете светски економии.
Кина - Американскиот дипломатски бојкот на Олимпијадата го нарушува духот на игрите
Тој се обврза дека САД „ќе го заштитат правото на тие земји сами да си го изберат патот, без никаков притисок и заплашување“. Блинкен ја обвини Кина дека „го загрозува отворениот пазар преку субвенции за нејзините државни компании“. „Земјите од регионот сакаат тоа однесување да се промени, а и ние“, додаде тој. Пекинг верува дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но делови од тоа море за свои ги сметаат и Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи. По Индонезија, Блинкен ќе ги посети Малезија и Тајланд.