Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас по состанокот со министрите од Западен Балкан синоќа во Лондон објави дека Британија ги засилува напорите за промовирање мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан и најави дека новиот британски специјален пратеник за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе го посети регионот. „Ова е критичен момент за Западен Балкан и важно е да се задржат мирот, слободата и демократијата за кои тешко се бореше пред повеќе од 20 години“, рече Трас по состанокот на кој присуствуваа Стјуарт Пич, специјалниот претставник на ЕУ Мирослав. Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар.
Османи - Трас: Западен Балкан е важен за стабилноста и напредокот на Европа
Според Форин Офисот, Трас потсетила дека неодамна била домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Ливерпул, на кој се одржала дискусија за Западен Балкан и дека министрите го поздравиле зајакнувањето на присуството на Британија. Таа рече дека сака Британија и нејзините сојузници „да изградат поблиски економски и безбедносни врски со регионот, што ќе поттикне создавање работни места и раст и ќе помогне во поддршката на послободен, побогат и побезбеден Западен Балкан“.