Данска и Норвешка предвидуваат омикрон сојот да биде доминантен вид оваа недела

омикрон станува доминантна варијанта

Здравствените власти на Данска и Норвешка предвидуваат дека варијантата омикрон ќе го сочинува најголемиот дел од случаите на ковид-19 во двете земји оваа недела, надминувајќи ја варијантата делтата која беше доминантен вид низ целиот свет. Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, изјави дека омикрон ќе стане доминантна варијанта во Лондон во следните 48 часа, нагласувајќи колку брзо варијантата се шири откако првпат беше идентификувана во Јужна Африка кон крајот на минатиот месец. „Ниту една варијанта на ковид-19 не се рашири толку брзо“, рече тој во парламентот. Премиерот Борис Џонсон изјави дека едно лице починало во Британија по заразување со варијантата омикрон, што е првата потврдена смрт на глобално ниво од вирусот кој брзо се шири.


СЗО е загрижена дека богатите земји би можеле да акумулираат вакцини поради сојот омикрон

Британските пратеници денеска ќе гласаат за одобрување на мерките, кои вклучуваат луѓето да работат од дома, да носат маски на јавни места и да користат ковид-карти за да влезат во некои места, но многу конзервативци рекоа дека чекорите се премногу драконски. Мерките се очекува да поминат и покрај најавениот „бунт“ од десетици конзервативни пратеници, главно од на главната опозициска Лабуристичка партија, што е уште еден удар за премиерот кој веќе е под значителен притисок. Во Соединетите држави, новите инфекции скокнаа за повеќе од 40 отсто од празникот Денот на благодарноста пред речиси две недели.

Фаучи: Првите извештаи за омикрон покажуваат дека е помалку опасен од делта вирусот

Светската здравствена организација оцени дека варијантата на коронавирус омикрон претставува „многу висок“ глобален ризик, со раните докази кои сугерираат дека ја избегнува заштитата со вакцини. Здравствените власти во некои земји ги повикуваат луѓето да земаат засилувачки дози поради раните индикации дека обезбедуваат дополнителна заштита. Прелиминарните податоци сугерираат дека иако варијантата е многу заразна, таа може да предизвика помалку сериозни симптоми од делта. Сепак, научниците велат дека дури и ако омикрон предизвикува помалку сериозни симптоми во споредба со претходните видови, неговото брзо ширење веројатно ќе изврши притисок врз болниците кои веќе се борат со напливот на делта инфекции.