Денеска во Брисел Советот за општи работи на Европската унија ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за проширувањето на ЕУ и за процесот на стабилизација и асоцијација, како и за подготовките за заседанието на Европскиот совет на 16 декември. На состанокот ќе стане збор и за ситуацијата со владеењето на правото во Полска и почитувањето на вредностите на ЕУ во Унгарија. Во ЕУ, според последните информации, ни пред денешниот министерски состанок сѐ уште немало согласност за заклучоци за проширувањето.
Новата шефица на бугарската дипломатија: Нема промена во ставот за С. Македонија
Бугарскиот премиер Петков- комуникација со Скопје ќе воспоставиме во најкус можен рок
Се наведува дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните, но не единствената пречка. Несогласувања има и околу Турција и Босна и Херцеговина. Што се однесува до македонско-бугарскиот спор, Софија на состанокот во минатата недела инсистирала дека Северна Македонија „не ги исполнува критериумите за отпочнување на преговорите“, став кој не добил поддршка од другите 26 земји членки, ниту од Европската Комисија. Опцијата за одвојување на Албанија од Северна Македонија „доби малку, односно никаква поддршка“, изјави неименуван висок дипломат на ЕУ за МИА.