Османи се сретна со Ескобар во Лондон

Лондон- заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Габриел Ескобар и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи,13.12.2021

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон.

„Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот“, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи. Инаку Османи во Лондон учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан.