Таксисти и премиери

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин го опиша распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година како пропаст на историска Русија, коментар што може да ги поттикне шпекулациите за неговите надворешнополитички намери. Тој во документарецот Русија, понова историја, вели дека по распадот на СССР морал да вози такси за да врзе крај со крај.

БУГАРИЈА - Со 134 гласа за, 104 против и без воздржани бугарското собрание денеска го изгласа Кирил Петков за нов премиер. Со ист број гласови беше изгласан и составот на владата.

САД - Спасувачите во американската сојузна држава Кентаки и понатаму ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, по низата силни торнада кои ја погодија таа американска држава, уривајќи многу семејни куќи и деловни објекти. Властите стравуваат дека има над 100 загинати.

МАКЕДОНИЈА - Околу 400 жители во 14 села 14 села во Поречието во Македонски Брод веќе трет ден се без струја поради големите оштетувања на далноводот. Градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, вели дека чекаат информации од ЕВН кога ќе добијат струја.

РУСИЈА - Осумнаесетгодишен матурант детонирал експлозивна направа во православно средно училиште во близина на Москва, при што се повредил себе си и уште 10 други ученици.

МАКЕДОНИЈА - За регионалните предизвици и европската перспектива на Северна Македонија разговарале денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата британска колешка Лиз Трас. Османи е на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон.

ФРАНЦИЈА - Албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша Буџетот за 2022 година. Според него Буџетот е антисоцијален, и не дава никаква дополнителна економска помош за 258.840 граѓани кои живеат со 0,7 долари на ден, 440.579 пензионери во градовите кои живеат со 4,8 долари на ден и 103.626 пензионери во селата живеат со 2,8 долари на ден. Па затоа Мета го врати Буџетот во Собранието на повторно разгледување.

ШВЕДСКА - Шведските власти почнаа спасувачка операција за две исчезнати лица, откако два товарни брода се судрија во густата магла во Балтичкото Море.

ЕУ / РУСИЈА - Европската унија ќе ја санкционира руската приватна воена фирма Вагнер Груп поради кршење на човековите права во конфликтите низ светот.

ГРЦИЈА - Во Грција од денеска на сила стапија нови мерки против ковид-19, кои освен за Грците, важат и за туристите кои ја посетуваат земјата. Од денеска им е забранет влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, а се намалува и важноста на потврдата за прележан вирус од шест месеци на три месеци