Иницијативата на црногорската опозицијата за изгласување недоверба на Владата е прва точка на дневниот ред на денешната седница на парламентот. Иако сите три партии на владејачкото мнозинство, Демократскиот фронт (ДФ), Демократска Црна Гора и Граѓанското движење УРА најавија дека нема да поддржат смена на владата, опозициската ДПС е уверена дека ќе вклучи пратеници кои ќе гласаат против кабинетот на премиерот Здравко Кривокапиќ.
Црногорската опозиција поднесе барање за недоверба на владата
Тој во минатата недела изјави дека е можно да се има мнозинство за недоверба на владата. За пад на владата треба да гласа само еден член на владејачката коалиција. Во парламентот на Црна Гора власта има 41 пратеник, а опозицијата 40.