Папата Франциск се моли за „драгата Украина“ и нејзиниот народ поради тензиите со Русија

Папата Франциск изрази загриженост поради трупањето руски војници во близина на границата со Украина, повикувајќи на дијалог за надминување на недоразбирањата и избегнување вооружен конфликт.

Пред илјадници верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата рече дека „оружјето не е патот кој треба да се следи“.

САД во обид да ја намали тензијата меѓу Русија и Украина

Тој рече дека се моли за „драгата Украина, за сите нејзини цркви и верски заедници и за сите нејзини граѓани, за тензиите таму да се решаваат преку сериозен меѓународен дијалог, а не со оружје“.

Г7 сака „да покаже единство“ против руското трупање војска во близина на Украина

Украина, која има околу 44 милиони жители, најмногу православни христијани, веќе седум години војува против проруските сепаратисти на истокот на земјата. Околу 10 проценти од жителите на Украина се католици.

Киев и западните земји тврдат дека неодамнешното собирање на десетици илјади руски војници во близина на границата со Украина може да значи дека Москва планира голема инвазија.

НАТО, САД и европските земји постојано ја предупредуваат Русија дека ќе има сериозни последици ако ја нападне Украина.

Во борбите во источна Украина што избија во 2014 година, досега загинаа над 13 илјади луѓе. Борбите почнаа откако Русија нелегално го анектираше Кримскиот Полуостров од Украина.