Полицаец загина во Пакистан додека обезбедуваше тим кој вакцинира против полио

Загина полицаец во пакистанскиот град Танк додека бил на должност обезбедување на тим за вакцинација против полио, односно детска парализа. Ова е втор напад за два дена врз полицаец кој што обезбедува вакцинален пункт. При вчерашниот напад беше убиен еден полицац и еден беше ранет. За вчерашниот напад одговорноста ја презедоа пакистанските талибанци.

Пакистански полицаец убиен додека обезбедувал тим кој вакцинирал против полио

Во вториот инцидент, вооружени лица пукаа врз полицијата додека ги придружуваа здравствените работници кои ја спроведуваа кампањата за вакцинација од врата до врата во неделата наутро, при што уби еден полицаец.
Локалната полиција соопшти дека веднаш по нападот побегнале од областа и дека „ во тек е операција за пребарување на областа“.

Ниту една група засега не презеде одговорност за вториот напад.

Престрелката се случува откако милитантната група Техрик е Талибан Пакистан прогласи крај на едномесечниот прекин на огнот во услови на мировни преговори со владата.

Убиени здравствени работнички задолжени за вакцинација против полио во Авганистан

Милитантите во Пакистан често ги таргетираат тимовите за детска парализа и безбедносните службеници назначени да ги заштитат, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се заговор на Западот за стерилизирање на децата. Во октомври, полицаец кој чуваше тим за вакцинација против детска парализа беше застрелан од двајца милитанти во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва. Во септември, офицер кој придружуваше тим за вакцинација беше застрелан во градот Кохат во северозападниот дел на Пакистан.

Во Пакистан стартува нова кампања за вакцинација против полио

Полио е неизлечива детска болест предизвикана од вирус кој обично го напаѓа нервниот систем предизвикувајќи парализа и смрт. Пакистан и Авганистан се единствените две земји во светот каде детската парализа сè уште се смета за ендемична.