Г7 сака „да покаже единство“ против руското трупање војска во близина на Украина

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе се обидат да претстават заеднички фронт против руската агресија врз Украина на денешниот состанок во Ливерпул.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас е домаќин на состанокот на седумте најголеми либерални економии, кој се одржува во услови на растечки тензии, не само со Русија, туку и со Кина и Иран.

Трас рече дека состанокот ќе биде „покажување на единство меѓу истомислечките големи економии“ и оти ќе покажат апсолутно силен став против агресијата во однос на Украина.

Украина вели дека Русија го блокира поголемиот дел од Азовското Море

Русија собра десетици илјади војници во близина на границата со Украина што предизвика дипломатски бран оваа недела. Украина и Западот се загрижени дека Русија планира офанзива против Украина.

Таа рече дека напад врз Украина би бил „стратешка грешка“ и го повтори ставот на американскиот претседател Џо Бајден дека евентуалната инвазија ќе предизвика тешки последици за Москва.

Русија ја предупреди Украина да не го решава конфликтот во источна Украина со сила

ЕУ и САД се заканија со санкции ако Русија се обиде да ја нападне Украина.

Министрите од Г7 исто така ќе разговараат за зголемената кинеска воена активност во Индо-пацифичкиот регион, напорите за вакцинација против коронавирусот и за преговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор.

Климатските промени, тензиите на Западниот Балкан, Авганистан и Јужна Кореја исто така се на дневниот ред.

Можна војна: Украински војници за заканата од руска инвазија

Овој состанокот на дипломатите од Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија е последен додека Британија е претседавач со Г7. Наредната година Германија го презема ротирачкото претседателство.